Прегратки и допири за здравје – научно е докажано дека насмевките и прегратките имаат лековити својства!
Што тоа значи за нашето здравје?
Прегратките се ефикасни против разни физички заболувања, осаменост, депресија, анксиозност и стрес.
Допир исто така влијае на ментално и физичко здравје – намалува крвен притисок и број на отчукувања на срце, зајакнува имунитет и ублажува болка.
Прегратки и допири за здравје – примери што се случува во организмот
Прегратките стимулираат Окситоцин
Окситоцин е неуротрансмитер кој делува на лимбичниот систем, емоционален центар на мозокот, со поттикнување на чувство на задоволство, со намалување на тескоба и стрес. Овој дел од мозокот се опушта во тек на породување и намалува породилни болки.
Окситоцинот слично делува и на мажите, полесно навлегуваат во емоционални и општествени врски. Окситоцин подобрува либидо и сексуални способности. Кај прегрнати особи се испушта Окситоцин преку хипофизата, истовремено намалува и број на отчукувања на срце и ниво на Кортизол, хормон одговорен за стрес, висок крвен притисок и срцеви заболувања.
Со експерименти е утврдено дека прегратка од 20-тина секунди стимулира лачење на Окситоцин (хормон на тн. ,,поврзаност“) кој најмногу се лачи во тек на породување или доење. И пријателските прегратки стимулираат лачење на Окситоцин, но нешто помалку. Истовремено доаѓа и до намалување на ниво на Кортизол (хормон на стрес) кај жени, како и крвен притисок.
Важноста на Окситоцинот и неговите потенцијални кардио-протективни ефекти се поголеми кај жените.
Прегратките создаваат трпение
Прегратките покажуваат оданост и благодарност кон друга особа. Живееме брз живот, стално сме во трка да ја обавиме наредната задача. За прегратките одвојуваме време и успоруваме малку, така сме покорисни за другите, а во себе складираме трпение.
Прегратките спречуваат заболувања
Испитувањата докажале позитивно дејство на љубовта во намалување на стрес. Допир покажал значителен ефект на намалување на болки, побрз раст на недоносени деца, на симптоми на автоимуни болести, намалува ниво на гликоза кај деца со дијабетес и подобрува имунитет кај заболени од рак.
Прегратки стимулираат Тимус
Прегратките стимулираат имуносистем. Благ притисок на градната коска и емоционалниот набој кој тој притисок го создава го активира соларниот плексус. Тоа стимулира Тимус кој регулира и балансира производство на бели крвни зрнца, а тоа одржува добро здравје.
Прегратките подобруваат комуникација
Две третини од нашето комуницирање е вербално. Толкување на говор на тело може да се базира на само еден гест. Гушкањето е одличен начин за невербално изразување кон друга особа или пак животно.
Преграткате даваат чувство на љубов и грижа кон блиските, што води кон нивно истоветно однесување кон другите.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови