Најчеста причина за псоријаза се микроорганизми – бактерии, габи, вируси и од стрес, потиснати емоции, загадена средина, хормони, неподнесување одредени намирници, пореметена работа на црн дроб…

Важна препорака за сите кожни болести!  

а) прочистување на црн дроб

б) По 20 гр Невен/лист Коприва и Орев/корка од Врба и Даб;  3 супени лажици смеса во 7 дл врела вода, по 30 мин. се процедува. 30 мин. пред оброк се пие по 230 мл чај, со мед и лимон. Има јако антивоспалително и прочистувачко дејство, намалува иритација, јадеж и болки!

Slika: Psorijaza na kolena i lakti; Слика: Псоријаза на колена и лакти
ПСОРИЈАЗА НА КОЛЕНА И ЛАКТИ

Псоријаза – опис 

Aвтоимуна болест, најверојатно поврзана со пореметена работа на јетра. Со доаѓање на ладни денови се манифестира поизразито. Не е заразна. Најпрво се врши детоксификација на јетра и целиот организам. 

Билки кои помагаат кај псоријаза

  • Масло од Црн Ким: одлично е за кожни заболувања. Хармонизира имуносистем и така спречува настанок на автоимуни болести. Содржи Гама-линолинска киселина – смирува воспалителни болести. Се зема 3 пати по 25 капки веднаш по оброк. 
  • Чај од корен од Чичока: одличен детокс, помага против кожни болести. 1 супена лажица корен вариме 10 мин. во 350 мл вода, по 10 мин. процедуваме. Се пијат 2 свежо спремени чаја на ден.
  • Масло од жолто ноќниче: за внатрешна и за надворешна употреба. Содржи многу есенцијални масни киселини, а Гама-линоленската киселина помага правилна работа на кожната бариера.       
Слика: Чичока. Slika: Čičoka
ЧИЧОКА И КОРЕН ОД ЧИЧОКА

Има 5 вида Псоријаза:  

1. Псоријазен Артрит–  причинува воспалување на зглобови.                 

2. Плаг Псоријаза – е во 80% случаеви. Има полиња на издигната црвена кожа со седефасти лушпи,  најчесто на лакти, стомак, колена и глава.       

3. Гутате П-за – мали црвени точки по кожа.                     

4. Инверз П-за –  мали црвени рани со набори.    

5. Еритродермична П-за – раширено црвенило со јадеж и болка. Често се јавува кај лица со Дијабет-1, од Кронова болест, наследен фактор… но  и од изгореници од сонце, од стрес, повреди на кожа, од некои лекови.  

Слика: Псоријаза на глава; Slika: Psorijaza na glava
ПСОРИЈАЗА НА ГЛАВА И ЛИЦЕ


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:



За хербални (билни) рецепти за Псоријаза кликнете подоле:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови