Пчелин отров или на лат. Apis Mellifica, се користи во народната медицина и техниката се вика Апи-токсинотерапија.
Пчелин отров – опис, својства, состав
При спомнување на пчелин отров, веднаш ни се создава некој внатрешен отпор. Сепак, овој пчелин производ неправедно малку се употребува.
Исклучително е лековит, неспоредливо е поефикасен од многу синтетски лекови.
Анализите покажуваат повеќе од 30 корисни дејства на апитоксинот врз здравјето на човекот. За лечење со пчелин отров знаеле уште старите Египќани пред 5000 години.
Пчелиниот отров е горчлива безбојна течност, по состав слична на змискиот отров. Има околу 18 активни биолошки состојки, од кои повеќето не можат вештачки да се синтетизираат. Пчелиниот отров има најделотворно дејство кога се зема од жива пчела и тоа во период од касна пролет до рана есен, период во кој има многу полен. Дејството на пчелиниот отров во зима е послабо.
Количеството на отров кое се внесува со еден убод е 0,1 млгр. Алергија на пчелин отров има мал број на луѓе. Мал оток на местото на убодот е сосем нормална реакција бидејќи се собира течност на тоа место за да се разреди отровот.
Истражувања со Пчелин отров врз луѓе
Истражувања покажуваат дека пчеларите во просек се поздрави и подолговечни од другите луѓе. Поретко заболуваат од тумори и други автоимуни заболувања. Ова несомнено се должи на пчелиниот отров, но и на престој во природна незагадена средина.
Дејство на Пчелин отров
Во народната медицина одамна е познат по анти-ревматското дејство, како и против болки. Делува и на подобрување на апетит, против несоница, мигрена, подобрува енергија и имунитет. Воопшто, одлична превентива е против многу заразни болести.
Пчелиниот отров има антивоспалително, антибактериско и антипиретско дејство.
Научно е докажано дека пчелиниот отров ги шири крвните садови, со тоа ја подобрува прокрвеноста и размената на материи. Дразбата од убод го активира имуниот систем и крвта почнува побрзо да циркулира.
Подобра циркулација и зголемена оксидација спречува развој на бактерии!
Апитоксинот ги отвора ѕидовите на капиларите и овозможува полесно и побрзо одстранување на штетни материи од организмот. Со ова се забрзува метаболизмот, а телото се полни со кислород!
Корисноста на Апи-терапијата се покажала особено ефикасна против следниве тегоби:
- Артроза и Артритис
- Воспаление на живци (неуритис, ишијас)
- Мултиплекс склероза (апитоксинотерапија и пресадување на матични клетки се најефикасни против ова заболување)
- Паркинсонова болест
- Церебрална парализа
- Висок крвен притисок
- Висок ниво на ЛДЛ (лош) холестерол
- Слаба циркулација
- Воспаление на крвни садови
- Астма
- Алергии
- Уртикарија
- Псоријаза
- Рани и лузни
- Воспаление на јајници
- разни зависности.
Акупунктура и апитерапија
Најдалеку во примена на оваа метода на лечење на разни болести отишле кинезите; имаат развиено метода на лечење со убоди на пчели во акупунктурни точки. Добар учинок се покажал и со инекции на апитоксин во ткиво или во акупунктурни точки. Овој метод има предност поради подобра контрола на внесениот отров.
Во продажба има повеќе масти и креми кои содржат апитоксин.
Апитоксин се применува и со софистицирани методи како што е Електрофореза и Ултрасонофореза (внесување на лек со ултразвук), секако, исклучиво под стручен надзор.
Најнови и многу ветувачки методи имаат развиено научниците во САД, со целно елиминирање на туморски клетки со примена на пчелин отров со помош на медицинска нанотерапија.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови