Со секојдневно конзумирање мед и пчелни производи, идните мајки веќе го подготвуваат својот организам за успешна бременост, а земање мед од зачнувањето е многу важно и за мајката и за детето. Медот со своите 180 состојки е извонредно балансиран – до совршенство. Успешна бременост е незамислива без соответна исхрана прилагодена на новата физиолошка состојба.
Мед како основен пчелен производ
Пчелниот мед е идеална намирница која го оспособува организмот на трудницата и ја зајакнува неговата виталност за успешно да се избори со сите промени во бременоста.
Мед разматен во млака вода, чај или млеко, делува против сите тегоби на кои трудницата е изложена во првите недели на бременоста (мачнина, повраќање, лошо реасположение и сл.).
Медот го збогатува организмот на трудницата со драгоцени состојки, отклонува замор, спречува анемија и ја подобрува крвната слика, што се должи на големиот број витамини и минерали кои ги содржи медот.
Потребата за железо е двојно зголемена за време на бременост, се движи до 40 мгр дневно. Трудниците можат, паралелно со терапија со железо, да земаат и мед. Во 100 гр шумско-ливадски мед има околу 32 мгр железо.
Препорачлива доза е една до две големи супени лажици мед три пати на ден. Трудниците треба да земаат зголемено количество витамини Ц, Е, Д, К, А, а сите овие витамини ги има во медот!
На трудниците им се советува потполно да исфрлат шеќер, и се да засладуваат со мед!!
Со стално користење на мед, бременоста ќе помине речиси идеално, новороденчето ќе биде подобро развиено и поздраво. Според некои истажувања, утврдено е дека трудниците кои имаат закани од подбацување, земање мед, полен, млеч многу помагаат бременоста полесно да се одржи, да тече поуредно.
Научно е утрврдено дека земање мед за време на бременост и за време на доење, подобрува соматски и интелектуални функции кај детето и намалува можност за пост-породилна депресија!
Примена на пчелни производи кај деца
Правилна исхрана е важна за раст и развој на новороденчето. Децата треба да применуваат мед после првата година од животот. Основна особина на детскиот организам е стално менување на анатомски, физиолошки, психолошки и имунолошки особини. Кај малите деца, повеќето физиолошки функции се менуваат и постапно созреваат, затоа децата се посклони кон функционални пореметувања. Тие пореметувања најчесто се одразуваат на дигестивниот тракт, на имунолошкиот систем и на системот на жлезди со внатрешно лачење.
Дневното мени заедно со млеко, јајца, сирење, овошје и зеленчук, мора да содржи и мед. Се препорачува две супени лажици мед три пати на ден.
Поради антирахитично, антианемично, антидиспептично, антивирусно и антибактериско, како и антимикотично и благо дејство на организмот на детето, потребно е во исхраната на детето, наместо шеќер да се додава мед. Докажано е дека децата кои јадат мед, имаат поздрави коски и заби, подобра крвна слика и поинтензивен раст и развој.
Се препорачува 1 грам растопен мед на 1 килограм телесна тежина.
Деца кои зимале мед од рано детство, се поразвиени, поздрави и поотпорни на болести од другите деца.
Трудници и млади мајки и користење на Мед и пчелни производи (Др Јосип Лончар)
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови