Различок или на латински Centaurea cyanus.

Дали можете да препознаете Различок?

Малку потешко, а можеби некој и може. Но кои бенефити она ни ги дава, ќе ви пренесеме во следните неколку пасуси.

Опис

Има околу 550 вида Различок. Најчесто го има во полиња со Пченица и Рж. Пушта неколку илјади семки, кои често и ползат благодарејќи на мали бели влакненца. Стои така на земјата и лесно е пренослив. Ако се оштети коренот при обработка на земјата не му пречи. На самото место на засек се јавува клица на нов изданок. Цветот масовно го посетуваат пчели. Помага за ублажување на воспаление на очни капаци (со испирање и со облоги).

Различок може да се одгледува и во градина.                                                                                              

Каде се користи Различок

Многу е лековит, се берат само цветовите со интензивно плавичеста боја. Се сушат во сенка на провев. За лековити чаеви се користат само цветови кои не смениле боја. Осетлив е на влага и мора да се чува во добро затворени садови. Помага при заболени бубрези и уринарен тракт, заболен црн дроб и желудечно цревни заболувања. 

Еден вид Различок (Centaurea acabiosa) помага лечење на штитна жлезда, грозница и нервни напади!

Што се содржи во себе

Билката содржи горчливи гликозиди, флавоноиди, антоцијани, витамини и други материи, сето тоа му дава одлично антимикробно и диуретичко дејство и е добар стимул за жолчката.

Чај од Различок       

Намалува повишена телесна температура, намалува воспаленија и кашлица, помага потење и лечење на отоци настанати од срцеви пречки. Помага за смирување на воспалени јајници и мочен меур и против главоболки.

Домашен рецепт за чај од Различок:

1 кафено лажиче сув цвет стои 20 минути во 2,5 дл врела вода. Се процедува и се дели чашата на 4 дела – се пие по 60 мл чај секој ден пред јадење и навечер пред спиење.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови