Предмалигните промени на почетокот се благи и поминуваат спонтано без лечење. Се случува ситните оштетувања ако не се лечат благовремено, да поминат во рак на грло на матка. Тој процес трае долго, дури и неколку години и ако се открие благовремено, се лечи успешно и лесно.
Редовна контрола на женските репродуктивни органи чува глава!!
Кои се причинители за рак на грло на матка?
За главен виновник на рак на грло на матка се смета дека е ХПВ (Хуман Папилома вирус).
Има околу 100 подвидови на овој микроорганизам. Вирусот може да предизвика бенигни промени кои во просек кај 10 % жени поминува во малигна форма.
Улога игра и пушењето, рано стапување во сексуални односи, честа промена на партнер, лоша полова хигиена, хормонска контрацепција, инфекции со Хламидија и со Херпес Симплекс, пад на имунитет.
Симптоми
Првите симптоми (на пр. крварење надвор од циклусот) може да значат дека болеста е тука!
Значи, се внимава ако има стален вагинален сукрвичаст водникав исцедок и крварење при сексуален однос, помеѓу циклуси или после менопауза, како и преобилна менструација. Во подоцна фаза се јавуваат болки во коски и во малата карлица, проблеми со мокрење, опстипација, губење во тежина, замор, отоци во нозете.
Тест за рак на грло на матка
Папаниколау тест: лесен и безболен тест, се прави еднаш годишно. 7 дена пред тоа не смее да се земаат вагиналети, без сексуални односи и испирање на вагина и да поминат 7 дена после циклус.
Ако има премалигни промени епителот се одстранува со Крио терапија (замрзнување), со горење или со ласер. Тука подоцна се формира нов здрав епител. Има и т.н. метода на Конизација.
Зависно од фазата на болеста и годините на жената, се прави Хистеректомија (се вадат матка, јајоводи, јајници и околните лимфни жлезди). Доктор одредува дали ќе се применат цитостатици и зрачење.
ИСХРАНА
Не се јаде: млеко, црвено и мрсно месо и месни преработки, конзервирана – пржена и зачинета храна.
Да се јаде: секогаш свежо подготвена и неподгревана храна, многу овошје и зеленчук; секој ден да се пие 3 пати по 1 дл свежо цеден сок од цвекло и морков и каша од брашно од хељда (2 супени лажици во 2 дл јогурт) – го зајакнува организмот, врши детоксикација и сузбива ширење на канцер.
*Бонус рецепт:
Инфекција на грло на матка:
Навечер после туширање, гениталиите се испираат со чај од Жалфија со 5-6 капки прополис; потоа се ставаат вагиналети со Кантарионово масло. Штом помине инфекцијата, вагиналети се користат повремено и превентивно.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови