Полесни рани и угризи.
Опис на проблемите
Топло време мами одење во природа. Постои ризик од повреди и угризи од инсекти. Доаѓа до повреди без отвори на кожа, но површината на кожата и ткивото под неа се оштетени. Ова се помали повреди, но и тие мора правилно да се санираат, така се спречуваат компликации, инфекции и гноење.
5 најдобри билки против рани и угризи
Гавез
Се користи коренот – се вади пред и за време на цутење. Содржи слуз, танини, етерично масло, материја Алатонин и др. Поттикнува раст и размножување на клетки, регенерира оштетени ткива и смирува болка.
Рецепт со Гавез
Облога 1: Во 1 л зовриена вода ставете 150 гр сув чист корен. По 2 саата процедете и натопете газа. Се става врз повредено место и се зацврстува со завој.
Облога 2: Направете густа паста од сомелен сув корен и малку вода. Ставете на рана. Облогата се менува на секои 3 саата.
Облога 3: Измијте свежи лисја од Гавез и поминете ги со сукалка. Ставете на рана и одозгора покријте со ткаенина.
Тегавец (машки) – Plantago lanceolata
Содржи танин, витамин Ц, лимонска киселина, сапонизиди и горки материи. Запира крварење, спречува загадување на рани, санира секакви повреди.
Сок од Тегавец: Исцедете сок од лисја и накапете 5-6 капки на раната, запира крварење.
Облога: Свеж лист оставете 24 саата во маслиново масло; утопете вата во масло, намачкајте и сочекајте 20-тина секунди. Избришете и ставете лист Тегавец. Облогата се менува наутро и навечер.
Се користи и женски тегавец (Plantago major), има речиси идентична моќ.
Замена за Тегавец е билката Подбел (Tussilago farfara) – намачкајте лист со масло или маст и ставете врз исеченица или загноена рана.
Кантарион за рани и угризи
Се користи билка Кантарион во цутење, за чај и купки. Штом се набере, се става во кеси, билката е фото-токсична!
Содржи танини, етерично масло, анто-цијан, каротен. Дезинфицира рани, подобрува епителизација на кожа и состојба на загноени рани.
Чај за испирање: Во 1 л жешка вода ставаме 3 полни лажици цвет Кантарион и кога ќе зоврие се трга од оган. Оладете и испирајте ја раната.
Масло: Се прави од цветови 10 гр и маслиново масло до врв на тегла. Се чува во темни шишиња. Се користи и за рани од изгореници.
Ајдучка трева
Цветовите се берат на јако сонце, тогаш се најлековити!
Содржат танин, етерично масло, мравја киселина и многу минерали. Запира крварење, дезинфицира рани!
Сок од ајдучка трева:
Исцедете сок од свежа и измиена билка. Испирајте рана 6-8 пати на ден. На рани кои крварат се става свежа изгмечена билка, одозгора се прекрива со завој.
Маст од ајдучка трева:
Топиме 100 гр чиста свинска маст и ставаме по 15 гр иситнет лист Ајдучка трева и ситно исецкани лисја Малина – оставаме да се пропржи кратко и тргаме од оган. После 8 саата пак загреваме и процедуваме. Сипаме во тегличка. Се чува во фрижидер.
Чичока (Arctium lappa) за рани и угризи
Лековит коров, содржи Инулин, горчливи материи, етерично масло, танин и многу минерали. Помага одстранување на страни тела од рана (се става смеса од прав од корен и зајчев лој). Лечи загноени рани, се испираат со чај од лисја!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови