Салицилна киселина како помош во козметиката.

Опис, својства, состав

Салицилна киселина има анти-бактериски, анти-септички и анти-воспалителни својства. Успорува создавање на митесери. Погодна е за мрсна и мешовита кожа, но осетлива, сува и тенка кожа може додатно да ја иритира!

Салицилна киселина е основа за производство на Аспирин! Позната е под името Бета-хидроксилна киселина (БХА) и паралено со АХА киселини се клинички испитани и имаат докажано дејство во лечење на акни!

Од таа причина аспирин таблети се главна состојка за маски против Акни.

Корисно дејство на Салицилна киселина за лице

Поттикнува регенерација на клетки, активно освежува кожа, одстранува мртви клетки од кожа, намалува проширени пори и спречува нивно зачепување, успорува и сузбива раст на комедони (митесери), помага избледување на темни дамки настанати од акни, намалува лачење на себум (масло) на кожа, намалува воспалителни процеси.

Употреба

Одлично помага против Акни, но има и особи кои треба да ја избегнуваат!

Се користи во разни лосиони или козметички производи за третирање на акни.

Против акни, лицето очистете го од шминка. Почнете со помала концентрација, 1%. Нанесете лосион или друго средство са вата, а за попрецизно нанесување може и стапче со вата за уши.

Растопината користете ја како тоник и не го тријте лицето за да не се воспали. Слабо пецкање е нормално, ќе нестане за неколку минути, но ако се јават болно пецкање и трнци, лицето веднаш измијте го со чиста вода.  Потоа, кожата се мачка со хранлива крема за лице.

Правило е, пилинг за маска за лице со салицилна киселина се користи еднаш неделно, додека лосион или препарати кои ја содржат оваа киселина можат да се користат 1-2 пати на ден.

Примена на салицилна киселина или нејзини форми е најдобро да се прави 10-тина дена, потоа пауза од 2-3 недели.

Некои дополнителни совети

Поради зголемена фото-сензибилност на кожа, користете фактор за заштита од сонце над 30. Ако сте алергични на аспирин, не ја користете за кожни третмани, ниту ако имате розацеа или други кожни болести!

Препарати со салицилна киселина е подобро да се без алкохол, за да избегнете сушење на кожа.
Трудници да користат концентрација само од 1%, не повеќе!

Рецепти со Салицилна киселина

Маска за лице со аспирин против акни

Издробете во прав 4-5 аспирина, помешајте со 1 лажица јогурт и 1 лажица мед. Смесата треба да биде густа за да не капе од лицето. Нанесете на лице и оставете да делува 20 минути.

Штом се исуши, измијте ја полека маската со вода и одстранете остатоци од козметички препарати со козметичко марамче или со мокар пешкир. За крај, ставете на лице хранлива крема.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови