Кашлицата е еден од најчестите симптоми за пациентите да посетат лекар, затоа што кашлицата може да има негативен ефект врз квалитетот на животот. Таа е значаен одбранбен рефлексен механизам. која ги отстранува секретите и туѓите тела од дишните патишта. Сирупи за искашлување помагаат да се активира тој одбранбен механизам кога е потребно.

Сирупи за искашлување базирани на билки:  

  • Сируп од Исландски лишај: 50 гр. Исландски лишај, 30 гр. Оман, 20 гр. бел Слез, 0,5 кг мед,  8 дл вода; состојките (без мед) се варат додека течноста не се намали за 1/3, потоа се процедува, малку се проладува, се додава медот и се меша.
    Сирупот се чува во шише, се зема 2-3 супени лажици дневно. 
Слика: Исландски лишај; Slika: Islandski lišaj
ИСЛАНДСКИ ЛИШАЈ
  • Сируп од Бел Слез: состојки: 1 супена лажица ситно сецкан корен од бел Слез, 1 супена лажица ленено семе, 1 кафена лажица Ѓумбир во прав, сок од 1 лимон, 2 дл вода и 200 гр. мед; преку ноќ оставаме во 2 дл вода да одстојат слезот и лененото семе. Наутро промешуваме, процедуваме, додаваме Ѓумбир, сок лимон и мед. Мешаме добро и оставаме во фрижидер.
    Се пие по 1 супена лажица сируп на секои 2 часа!
Слика: Бели слез; Slika: Beli slez
БЕЛ СЛЕЗ
  • Сируп од Дивизма: состојки: 2 кафени лажици лист Дивизма, 2 кафени лажици Рузмарин, 2 кафени лажици Цимет во прав, 2 кафени лажици Ѓумбир во прав, 1 кафена лажица толчена лута пиперка, 2,5 дл вода и 100 гр. мед; состојките без мед ги загреваме и оставаме да крчкаат за да испари пола од течноста. Се проладува 20 мин. и додаваме мед.
    Се чува во фрижидер, се зема по 1 кафена лажица секои 2 часа!!
Слика: Дивизма; Сируп за искашлувцање од Дивизма
ДИВИЗМА

Билни рецепти:

  • Напиток од Кромид: состојки: 1 мала главица ситно сецкан кромид, 2 кафени лажици бибер, 2 дл вода; сето се вари 10 мин., малку се проладува и се пие топло во мали голтки.
  • Чај од бел Слез: зовриваме и потоа малку проладуваме 2 дл вода, ставаме 1 кафена лажица ситно сецкан корен од бел Слез, по 10 мин. процедуваме.
    Се пие во голтки, 2-3 чаши на ден.          


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови