Примена на природни сирупи за кашлица можат да бидат од голема помош.

Сирупи за кашлица

Сируп број 1

Загреваме на пареа: 
200 гр мед, 1 прстофат сува Жалфија и 2 супени лажици сок од лимон; штом долното тенџере со вода зоврие, се остава уште 5 мин. за состојките во горното тенџере добро да се загреат. Тргаме на страна и оставаме да стои 20 мин. замотано со крпа. Процедуваме во тегла.

Деца: 3-4 пати по 1 кафена лажица на ден;
Возрасни: по 1 супена лажица на ден.

Ублажува кашлица и болки во грло; во фрижидер стои подолго време.

Сируп број 2

Во 2 л. вода ставаме 2 лимона исецкани на коцки, по 2 супени лажици: Жалфија, Анис, корен од Бел Слез, ленено семе и 200 гр шеќер; вариме 20 мин. и потоа оставаме да се олади 45 мин. Се процедува.

Деца земаат 3 пати по 1 кафена лажица;
Возрасни по 1 супена лажица 3 пати дневно.

Сируп за упорна кашлица

1 супена лажица ситно сецкан корен Перуника и 1 кафена лажица исландски лишај се варат 5-6 мин., се остава да се олади 30 мин. и се процедува.

Се пие во голтки, а со истиот чај 3-4 пати се прави и гаргара.

Сирупи за искашлување

Сируп број 1

Во 0,5 кг мед ставаме 2 ситно сецкани главици кромид; наутро малку загреваме и смесата се процедува.

Се зема по 1 супена лажица млак сируп на секои 5 ч.

Сируп број 2

Во 0,5 л млеко вариме 4 ситно сецкани суви смокви; 

Се зема 2 пати по 2,5 дл против кашлица и при прележана Пнеумонија.

Сируп број 3

Во 0,5 л загреана вода топиме со мешање 250 гр шеќер, додаваме 10 л. Ловор и вариме уште 30 мин. на тивко. По 15 мин. се процедува, додаваме 1 супена лажица мед и сок од ½ лимон.

Се земаат 5 супени лажици на ден.

Сируп број 4

По 30 гр лист и цвет и корен од Бел Слез, 1 супена лажица смеса се прелева со 2 дл ладна вода, стои 2 ч. и се процедува.

Се пие по 1 сушена лажица секои 15 мин (со мед)

Сируп број 5

По 1 супена лажица цвет од Црн и Бел Слез, цвет од Бозел, Багрем и Подбел; стои 2 ч. во 1 л. врела вода, се процедува и се засладува со багремов мед.

Се земаат 3 супени лажици на ден.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови