Сладич (Сладок Корен) или на латински Glycyrrhiza glabra е повеќегодишна билка, расте до 1 метар во висина. Помага кај многу болести. Има антидепресивни својства и добра е замена за Кантарион.

Опис, состав и својства

Има гроздести долгнавести цветови со бледо-љиљакова боја, долги околу 3 см. Коренот е многу сладок, содржи активна супстанца Глицирзин 50 пати послатка од шеќерот. Содржи многу потенцијално лековити супстанци, како Флавоноиди и Фито-естргени. Делува на хормонот Кортизол и така зајакнува отпорност на стрес. Затоа е добро да се користи при поголем физички или психички напор.

Сладич во Менопауза

Сладичот и приправоци од него се многу благотворни за жени во менопауза. Намалуваат ноќно потење и валунзи дури до 80%, овозможуваат поквалитетен сон. Природните комбинации во Сладичот се слични со хормонот Естроген, кој во таа возраст опаѓа. Има предлози Сладичот да биде воведен како сигурна и здрава алтернатива на хормонската терапија, поради неговото дејство на Кортизол и Естроген. Сладичот намалува производство на Тестостерон до 50%, со што подобрува состојба на кожа и коса и намалува раст на непожелни влакненца.

Менопауза. Menopauza.
МЕНОПАУЗА – СИМПТОМИ

Сладич кај мажи

За оние мажи кои имаат многу тестостерон, а не сакаат да бидат без коса на главата.

За надворешна употреба: најдобро е да се комбинира со Борач (Borago officinalis), билка која исто така намалува делување на тестостерон, а содржи и состојка која спречува претворање на тестостерон во дихидротестостерон (ДХТ), кој има клучна улога во опаѓање на коса кај мажи. Билката може едноставно да се додаде во шампон за коса.

Менопауза - Борaч; Borago officinalis
БОРАЧ

Употреба

Други корисни дејства на Сладичот се: зајакнува имунитет, има анти-воспалително дејство, спречува алергии, уништува бактерии, вируси и габички. Ублажува тегоби со дишење, штити од срцеви заболувања, спречува развој на акни, сузбива болки во мускули и зглобови, подобрува расположение, намалува депресија и др.

Рецепти со Сладич

За кратковидост

Мешаме по 1 кафено лажиче иситнет корен од Сладич, мед и шеа (Гхи) путер; се пие со млеко, два пати во текот на денот.

За желудник и грло

За желудечни тегоби се зема прав од Сладич. За воспалено грло, се џвака и се исцицува парче суров Сладич.

Кај сува кашлица

Се прави смеса од Сладич и мед.

Кај болки во мускули и зглобови

Ставаме корен Сладич во вода преку ноќ; наутро се пие водата. 

Сладич против опаѓање на коса

Мешаме 2 супени лажици мелен корен Сладич, 4 супени лажици млеко и еден прстофат Шафран (вид зачин);  навечер се мачка на зафатените места. Оваа паста е ефикасна во почетниот стадиум на опаѓање на коса и против првут.

Шафран; Crocus sativus
ШАФРАН

Кај полицистични јајници

По ½ кафено лажиче Сладич и Борач прелеваме со 1,5 л. вода и по 5 мин. процедуваме. Се пие по 1 чаша по главните оброци, 4-6 недели.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови