Не треба да се изложувате директно на сонце од 11 до 17 часот затоа што постои опасност да добиете сончаница!
Но, не сите се придржуваат кон оваа препорака – некои поради потребата за добивање убава боја на кожата, други за да го искористат сонцето за акумулирање на витамин Д. Некои пак едноставно поради некоја друга причина како на пр. професијата т.е. условите на работа, па се нема друг избор.
Причини за добивање сончаница
Зрачењето е проблем, но исто толкав проблем е и т.н. сончев удар или сончаница! Организмот се брани од прегревање со потење, со ширење на крвни садови и издишување топол воздух.
Проблемот настанува кога тоа не функционира, особено ако тилот е изложен на сонце подолго време. Доаѓа до прегревање и симптоми на сончаница!
Симптоми
Кај возрасните, симптомите се јавуваат после 6-12 часа од сончањето, а кај децата многу побргу. Најчесто тоа е чувство на малаксалост, мачнина, вртоглавица, повраќање и сл. Детето делува конфузно и поспано, често пропратено и со зголемена телесна температура и потење. Кај постарите се јавуваат и халуцинации, вкочанет врат, па дури и губиток на свест.
Прва помош и препораки
При вакви симптоми веднаш мора да се реагира – особата мора да се премести под сенка или уште подобро во потемна и по можност климатизирана просторија. Облеката мора да се раскомоти, да се стават ладни облоги (натопени крпи во вода и исцедени), а одлична помош е и туширање со млака вода.
На деца им се дава парацетамол, ако имаат температура. Доколку помошта не помага, а несвестицата и повраќањето не поминале, мора да се оди на лекар. Доколку особата е при свест, треба умерено да пие течности.
Бебињата е најдобро да не се изложуваат на сонце; деца над 12 месеци, при екстремно високи температури дури и во сенка под дрвја чувствуваат нелагодност.
На сите им се советува да намалат со физичка активност, да се оди почесто под туш, а ако сте покрај вода, езеро или море, разладувајте се (особено главата!) и пливајте кога нема сонце.
Облека – да се носат капи со пошироки ивици и памучна комотна облека.
Исхрана – да се јаде полесна храна во помали оброци, да се избегнува употреба на алкохол. Помага разладено овошје како лубеници, дињи, ананас, овошни сокови, лимонада, салати од домати и краставици – организмот така најдобро се хидрира. Да се јадат готвени јадења, супи и чорби и да се сервираат умерено топли.
Билни рецепти кај сончаница
Чај за сончаница: особата која претрпела сончаница 3-4 дена мора да се одмара и да го пие следниот чај – смеса од по 1 лажица Нане, Маточина и цвет од Ајдучка трева. Се попарува со 600 мл зовриена вода и се остава да одстои 2 саата. Се процедува и се пие цел ден.
Чај за закрепнување: се прави смеса од 2 лажици исечкан цвет и лист Липа и 1 лажица цвет од Бозел; се прелива со 600 мл зовриена вода и се остава да одстои 30 мин. Ова е доза за 1 ден, а чајот се пие 5 дена.
НАПОМЕНА:
Доколку симптоми на сончаница се јават со знаци на стомачен вирус, треба да се пијат растопени прашоци – орален раствор, за да се надокнадат течности и електролити.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови