Темјан или на лат. olibanum, а на англ. Frankincense, подобрува циркулација и проток на крв низ крвни садови оштетени од воспаление, тоа додатно помага кај зглобовите со Артрит.
Темјан – значење за здравјето
Не уништува здрави ткива и клетки, нема лоши нуспојави, може да убие клетки на рак кои се отпорни на хемотерапија! Aнтивоспалителното дејство помага и против Кронова болест и Цисти! Помага во лечење на неколку вида карциноми – малигнен меланом, рак на мочен меур и тумор на мозок.
Состав на Темјан
Босвелиски киселини се најважна состојка – имаат антивоспалително дејство и ублажуваат болки од артритис и за разлика од лековите, нема нуспојави!
Здравствена намена
Екстрактот – темјанов ацетат, намалува невролошки оштетувања, олеснува депресија и напнатост, спречува болести на крвни садови, намалува ниво на холестерол.
Против рчење – се мачка врат, гради, околу нос.
За кожа – маслото помага против акни, лузни, стрии, брчки и рани. Екстракти на Темјан се сигурни за надворешна и внатрешна употреба. Не се користи чисто масло – се разредува со базно масло или со вода!
Особи кои пијат лекови за разредување на крв, со хипертензија, трудници и доилки да не користат масло од Темјан!
Етерично масло од Темјан е одлично против воспаленија и инфекции, прерано стареење, за дигестивен тракт, зајакнува имунитет и подобрува ментално и орално здравје.
Темјановата смола содржи хемиски спој Ацетил-11-кето-бета-бозвеличнаки селина (АКБА) која може да уништи клетки на рак и е делотворна во лечење на рак на дојка, на простата, јајници и дебело црево.
АКБА е успешна во лечење на последен стадиум на тешко излечив рак на јајници и убива клетки на рак кои не реагираат на хемотерапија!! Оваа терапија е строго по препорака и надзор на лекар!!!
Ароматерапија со Темјан
Ароматерапија се користи за олеснување на стрес, напнатост, хистерија, депресија. Масажа и купка со масло ублажува менструални болки и воспаление на мочни канали.
Терапија со маслото – делува на дишни патишта, олеснува бронхит, астма, синусит, чести настинки и алергии:
– накапете на рака 2-3 капки масло од Темјан и вдишувајте 2-3 пати на ден или
– инхалирајте се со тинктура од Темјан: 1 супена лажица на 1 л зовриена вода
Ароматераписки третман според Будвиг
Во 1 кафено лажиче кокосово масло (или мед) сипаме 2 капки масло од Темјан, се става под јазик, 2 пати на ден. Не е за деца под 6 години. Разблажено масло се нанесува секои 2-3 часа, локално и на делови на тело зафатени со рак и на табани.
Комбинација од Зимзелен и Темјан
Против рак на материца Зимзелен и Темјан заедно се ставаат на табани секои 3-4 часа, со директна примена на стомак! Етерични масла од двете билки продираат низ кожа и за 5 мин. доаѓа до ресорпција и циркулација низ крв.
Ароматерапеути најчесто на овој начин препорачуваат примена на масло од Темјан за лечење, но и како превенција од болести.
Масло од Темјан
Со утривање на масло во кожа, се вдишува пријатна миризба која опушта и релаксира, а внатрешниот мир е главен предуслов за оздравување!!
Маслото содржи монотерпени кои помагаат отпуштање на токсини од црн дроб и бубрези и имаат антисептичко и аналгетско дејство; помагаат искоренување на канцерогени клетки во почетокот на нивниот развој низ сите фази на напредување и маслото е корисно во која и да е фаза на ракот.
Лек за камен во Бубрег – Рецепт со Темјан
Се работи за тн. Темјан кој се јаде (!) но не и тој што се купува во цркви!
Има 2 начина за оваа намена:
Прв начин:
При конзумирање на Темјан мора да се јаде и Лимон, зашто може да нагризе забна глеѓ. Се зема напиток направен со Темјан и потоа се пие сок од 1 лимон, со сламка!
3 зрнца Темјан вариме во 1 дл вода; треба да испари пола вода. Ова се пие само неколку дена, каменот се исфрла од организмот.
Втор начин:
Каменот најпрво се растопува; трае 21 ден. Се зема исто на празен желудник, секое утро по 1 зрнце Темјан се голта, па се пие сок од 1 лимон, помешан со 1 супена лажица маслиново масло. Ако каменот не е исфрлен, мора да се паузира 7 дена и се повтори постапката по потреба!
За да не нагризе забна глеѓ, зрнцето може да се обвие со малку леб и така да се проголта.
Темјан што се јаде се користи и против камен во жолчка, но на поинаков начин!!
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови