Траварица е ракија позаната по тоа што одамна се користи против многу здравствени тегоби.

Опис

Има богат мирис и вкус. Се добива со ароматизирање на лозова, комова или овошна ракија, но најдобро ракија со неутрален вкус.

Како се добива Траварица

Обично се бираат билки со изразено лековито дејство, богати со етерични масла и горчливи материи. Се прават повеќе комбинации со билки.

Најчесто се користат:

  • Жалфија
  • Вресок
  • Рузмарин
  • Мајчина душица
  • Метвица
  • бобинки од Клека
  • горчлив Пелин
  • Ајдучка трева
  • Анѓелика
  • Иџирот
  • Валеријана
  • Оман
  • Срцева трева и др.

Од сите билки се ставаат гранчиња, а во зависност од комбинацијата се добива и вкусот и миризбата на готовата траварица.

Доколку сакате и да конзумирате но и да користите Траварица за масажа, во неа ставете Пелин. Помага против болки во грб, против мамурлук и др.

Рецепт за Траварица

Состојки:

  • 1 л домашна ракија
  • неколку гранчиња Мајчина душица
  • по 1 гранче Жалфија, Рузмарин и Мента (Mentha piperita)
  • 3 гранчиња Ајдучка трева
  • 12 зрнца Клека
  • корка од 1 лимон.

Подготовка:

Ставете ги сите билки во ракија и затворете добро. Треба да стои на собна температура 2 недели, со секојдневно протресување. Процедете ја ракијата низ 4 слојна газа и ситно цедалче. Ракијата се остава уште 7 дена за да се стабилизира вкусот, бојата и миризбата. Некои додаваат гранче ароматична билка.

Здравствена корист од Траварица

Помага против повеќе здравствени тегоби:

Тегоби со варење и желудник

Против тешкотии во желудник по оброк испијте 0,3 дл од оваа ракија. Ќе ги олесни тегобите и ќе стимулира варење.

Настинки и главоболки

Кај воспалено грло, правете гаргара со Траварица и со 5-6 капки прополис! Може и да се напиете голтка-две исто така со некоја капка прополис.

Болки во месото околу забите или со забоболки

Ракијата е природен аналгетик. Жабуркајте и задржете ја врз болен заб 10-тина секунди. Повторете ја постапката по потреба.

Траварица против болки во грб

Против болки во грб или укочен врат масирајте со ракија и со Пелин!

Срцеви тегоби и циркулација

Умерена конзумација помага против срцеви тегоби и создавање на тромбови! Подобрува и циркулација.

Инфекции на уринарен тракт

Траварица со додаток на Магдонос е одлична против бактериски уринарни инфекции! Магдонос е одличен диуретик. Делува против воспаленија и бактерии.

Дезинфекција на рани со Траварица

Помага при повреди и кај рани. Ги чисти, дезинфицира и подобрува зараснување. Делува антисептички – чисти рани од бактерии и нечистотии.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани.