Уртикарија, Копривњача или на латински Urtica, е алергиско заболување на кожата.

Опис на здравствената состојба

Симптоми се црвенило, слично на она како при допир со Коприва (оттука потекнува и името). Копривњача може да се појави по употреба на некои козметички препарати или лекови или како последица на бактерии, вируси, паразити, како и влакна од домашни миленици (содржат силен алерген), полен, прашина, но исто така и поради адитиви кои ги има речиси во секоја преработена храна!

Има случаеви на појава на копривњача и после предолго изложување на сонце, но и на многу ниски температури.

Лечење на Уртикарија

Најчесто се лечи со антихистаминици. Диета се препорачува доколку алергенот се наоѓа во храната.

Се делува против предизвикувачите, да се блокира активација на мастоци и ослободување на провоспалителни Цитокини и индукција на толеранција.

Видови на Уртикарии

Идиопатска уртикарија е онаа каде не се утврдил причинителот.

Акутна уртикарија со ангиоедем е многу опасна поради можно затворање на дишни патишта. Лечење се спроведува под надзор на лекар во болнички услови! Деца и трудници мора да се под надзор и соодветна терапија препишана од лекар!

Природни средства кои помагаат кај Уртикарија

Купка со Овес

Стручњаците Овесот често го препорачуваат, поради салицилната киселина која има благотворно дејство на кожата!

Варете 300 гр Овес во 3 л вода 30-тина минути и оставете 1 саат да се олади. Процедете и сипајте во када со сосем млака вода. Се лежи 20 минути. Процедената билка може да се испасира и да се нанесе на пликови! По 30 мин. се мие со ладна вода.

Чај од Коприва кај Уртикарија

Коприва чисти крв и има анти-хистаминско дејство. Ублажува јадеж, воспаленија и отоци.

Ставете 1 полна лажица сув лист коприва во 2 дл зовриена вода; по 20 мин. процедете. Ставете 1 лажица сок од лимон. Пијте 3 дена, по 2-3 чаши на ден. Направете пауза од 3 дена и повторете ја турата.

Сода бикарбона

Еднаш на ден, со мешање растопете 3 лажици сода бикарбона во 1 л ладна вода и со памучна крпа нанесете со тапкање врз загрозени места. Со благи движења исушете ја кожата на тој дел.

Не се препорачува ако имате многу оштетена кожа или отворени рани!

Чага

Има изразито анти-оксидативни својства, зајакнува имунитет, што е многу важно во борба против алергии! Ставете 1 лажиче прав од Чага во 2 дл зовриена вода. Оставете 30 мин. и кога е млак чајот нежно утапкајте го во кожата.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови