Фотодерматоза или кожни проблеми предизвикани од предолго изложување на сонце.
Опис на заболувањето
Фотодерматози се група кожни заболувања кои се јавуваат со појава на првите посилни сончеви зраци. Нестануваат од лето до доцна есен. Ова се должи на преосетливост (фото-сензибилизација) на организмот на УВ зрачења.
Причини за појава на Фотодерматоза
Лежат во вродена склоност, внесување на супстанци во организмот со фото-сензибилно дејство, од лекови и козметички средства, некои хемикалии и прехранбени производи. Исто така и поради создавање на супстанци во самиот организам поради инфективни, алергиски и токсични фактори (особено алкохол).
Кои особи се во ризична група?
Тоа се особи со светла и нежна кожа, деца, трудници и особи кои патат од хронични заболувања на внатрешните органи.
Симптоми
Црвенило на кожа, оток сличен на копривњача (уртикарија), јадеж, пликови, а понекогаш и црвенило на очната слузокожа.
Алергија на храна и повеќето дерматози имаат иста природа – алергијска!
Исто е и со сонцето. Затоа и лечењето е слично. Потребно е да се испитате за да се исклучи алергенот и да се изврши од лекар пропишано лечење. Внимавајте со храната.
Превенција
Пократко задржување на силно сонце, користење заштитни средства и не изложување на директно зрачење. Земајте фотосензитивни лекови препишани од доктор, а при сончеви денови не користете декоративна козметика или пак користете тонизирачка крема или пудер со УВ заштита.
По престој на сонце нанесете на кожата специјална заштитна крема. Држете хипо-алергенска диета со внес на сол до 7 гр на ден.
Исхрана кај Фотодерматоза
Се препорачуваат млечно-кисели производи, вегетаријански супи и каши од ориз, хељда и овес, маслиново и сончогледово масло, варено говедско, пилешко и мисиркино бело месо, краставици, зелка, компири, лиснат зеленчук, грашок.
Добри се зелените јаболка (најдобро печени), компот од суво овошје, јаболка, вишни, сливи и рибизли, препечен бел леб, бесквасни лепиња и бесквасен леб.
Избегнувајте пикантна и пресолена храна, орашести плодови, зеленчук кој иритира (рен, ротквици), чоколадо и кафе, како и мед, шеќер и слатко, пецива и сите видови кондиторски производи, мајонез, кечап, сокови, јајца, печурки, сирење и алкохол.
Природни рецепти кои помагаат кај Фотодерматоза
Масло од Глуварче
Намалува кожен јадеж и иритација од сонце. Прелејте 25 гр исецкан корен од Глуварче со 250 мл ладно цедено сончогледово или маслиново масло и оставете да одстои 24 саата.
Ставете го 1 саат врз водена пареа. Штом се олади, процедете и мачкајте ги проблематичните места 3-4 пати на ден.
Одвар од Двозаб
Одвар од билката троделен Двозаб (Козји рог – Bidens tripartita) – 1 лажиче исецкана сува билка се попарува со 2 дл жешка вода. По 30 минути процедете. Со ова се мие загрозената кожа, 4-6 пати на ден, се до олеснување на состојбата. Индивидуална неподносливост на билката е можна, но е многу ретка.
Лосион против јадеж
Измешајте по 1 лажиче сув лист Липа, Суручица (Filipendula ulmaria) и исландски лишај. Ставете ги во 3 дл ладна вода 3 саата. Загрејте до вриење, тргнете од оган и по 30 мин. процедете. Утопете тупфер и мачкајте кожа (или ставајте облоги) 2-3 пати на ден, до подобрување на состојбата. Може и поинаку – 25 гр прав од сува Суручица помешајте со 50 гр путер и со тоа мачкајте кожа, 5 дена.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови