Фрактура на колк или „кршење на колк“ најчесто се случува кај особи постари од 50 години.

Опоравување по операција на колк

На повеќето им е потребна цела година со медицинска нега да се вратат на секојдневните активности. Повозрасните се особено во ризик по извршен хируршки зафат, по кој се можни бројни компликации, а некои се дури и опасни по живот. Затоа е потребна превенција и правовремено лечење на фрактура на колк.

Исхрана и суплементи кај фрактура на колк

Исхрана и правилен избор на суплементи се многу важен дел од постоперативната терапија, го забрзуваат оздравувањето после операција. Во структурата на коските влегуваат повеќе минерали, затоа суплементација на овие микронутриенти е пресудна за побрзо оздравување.

За здрави коски најважни минерали се Калциум, Цинк, Магнезиум, Бакар, Фосфор и Силициум. По Калциум, Фосфор е втор најзастапен минерал во организмот. Овие два минерала делуваат на изградба на јаки коски и заби.

Рамнотежа на Калциум и Фосфор е неопходна за правилна густина на коски и за превенција на Остеопороза. Во телото се претвораат во соли на калциум-фосфати, кои зацврстуваат и зајакнуваат коски.

Калциум и витамин Д

Докторите препорачуваат жени до 50 години и мажи до 70 години да  зимааат околу 1.000 мгр Калциум на ден, за потоа дозата да се зголеми на 1.200 млгр. Возрасни до 70-та година треба да внесуваат 600 и-единици на витамин Д, а подоцна 800.

Калиум и витамин К

Докажано е дека и Калиум потикнува подобра метаболизација на Калциум, како и витамин К, познат по неговата функција за коагулација. Покрај тоа што придонесува за нормално згрутчување на крв, витамин К е неопходен за добро користење на Калциум во телото и негово вградување во коскениот систем. Голем број на пациенти со Остеопороза патат од недостаток на витамин К. Значаен е и како превентива, бидејќи намалува ризик од фрактура на коски, особено кај жени во менопауза.

За фрактура на колк, витамин К ќе има позитивни ефекти на оштетени колагенски влакна. Низ разни биохемиски процеси, витамин Б подобрува дејство на витамин К.

Цинк и Бакар

За нормално функционирање на околу 200 ензими во организмот потребно е и одредено количество на Цинк. Овој минерал потикнува производство на протеини, а со тоа и раст и зараснување на коски. Битен е и Бакар, учествува во создавање на Колаген, така забрзува лечење и опоравок на скршен колк. За синтеза на колаген Силициум има важна улога, го зајакнува дејството на Калциум и витамин Д3 при создавање на нова коска.

Превентивни мерки против фрактура на колк

Проверете минерална густина на коски доколку наближувате кон 50-тите години. Така навремено се добива стручен совет за терапија, исхрана и физикална терапија, кој ќе го подобри квалитетот на вашиот коскен систем.

Зголемете внес на Фитоестрогени. Густината на коски кај жените е тесно поврзана со нивото на естроген во организмот. Во перименопауза и во менопауза нивото на естроген варира, што може да предизвика нарушување во коските. Конзумација на фитоестрогени во соја, леќа, леблебија, грав, помага да се воспостави рамнотежа.

Движете се, редовна физичка активностпешачење е битен предуслов за превенција на Остеопороза.
9 од 10 кршења на колк се причинети од паѓање. Ризикот се намалува со вежби и зајакнување на мускули. Се подобрува рамнотежата и се зголемува флексибилноста и издржливоста на организмот. Статистички е утврдено дека жени кои 1 година не се бавеле со никаква физичка активност се многу поподложни на кршење на колк, дури и ако немаат Остеопороза.

Внимание со лекови – доколку при пешачење осетите слабост, замор, зашеметеност или повремено губите рамнотежа, побарајте совет од лекар, особено ако земате некоја терапија. Некои лекови можат да предизвикаат непожелни ефекти и можат да предизвикаат паѓање и кршење на коски.

Ако носите наочари за вид, одете почесто кај очен лекар за проверка на диоптрија.

Прилагодете го животниот простор – бидете внимателни и дома за да избегнете паѓање. Одржувајте патос и скали чисти, одстранете подни простирки. Во када и купатило користете простирки или чергички кои не лизгаат, во туш-кабините ставете рачки, како и по скалите гелендери. Светлото треба да е јако во сите простории.

Протеини како битен фактор кај фрактура на колк

Протеините се важен дел на коскениот систем. Ако дојде до  фрактура, организмот се труди да собере што е можно повеќе протеини како градивни елементи, со чија синтеза се создава нова коскена структура. Протеините потикнуваат раст на Полипептиди, кои имаат позитивен ефект на целиот коскен систем, зајакнувајќи ги мускулите и потикнуваат регенерација. Недоволно количество на протеини особено е ризично кај постари пациенти со скршен колк – може да доведе до долгорочни компликации.

Аминокиселини

Аминокиселините за главна задача имаат изградба на белковини. Поволно делуваат при лечење на фрактури на коски Лизин, Аргинин, Цистин, Пролин, Глицин и Глутамин. Освен месо, јајца и млечни производи, одличен извор на протеини се и грав и други мехунарки, орешасти плодови, карфиол, брокули, банани, прокељ и др.

Напитоци за зајакнување на коски

Чај за зајакнување на коски

Се прави мешавина од по 50 гр Коњско  опавче, лист Глуварче, лист и цвет црн Слез, цвет од црвена детелина, цвет од Глог, по 30 гр Имела, цвет Ајдучка трева и лист од Жалфија. 2 лажици од билките стојат 30 мин. во 0,5 л жешка вода. Се процедува, се пие во тек на 1 ден.

Лек од лушпи од јајца, мед и лимон

Потребни се 30 лушпи од јајца, сок од лимон и мед. Лушпите се мијат добро и кратко се провриваат во жешка вода. Се цедат и се сушат во рерна на 150 степени, потоа се мелат во млин за кафе. 1/3 од лушпите се прелева со сок од 1 лимон и се остава преку ноќ. Наутро се додава 1 лажиче мед и 100 мл вода, се меша добро и се пие пред доручек.

Сок од домати

Сокот од домати содржи антиоксиданси кои се многу важни за неутрализирање на штетно дејство на оксидативен стрес.

Антиоксиданси кај фрактура на колк

По кршење на колк, оштетеното ткиво генерира големо количество на слободни радикали. Тие ги прекинуваат колагенските ланци, во чија структура се застапени бројни аминокиселини и прават воспаление кое го успорува процесот на зараснување. Разорен ефект на оксидативен стрес во голема мерка може да се спречи со помош на антиоксиданси кои ги зајакнуваат одбранбените сили на организмот.

Витамини кај фрактура на колк

Кога се работи за фрактура на колк, треба да се зголеми внес на витамин Е и Ц, Алфа-липоинска киселина, Ликопен, Кверцетин и на Омега-3 масни киселини.
Затоа, јадете свежи пиперки, кромид, грозје, семе од Лен, ореви и пијте доматен сок.

Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови