Хеликобактер пилори е гама негативна бактерија, во форма на спирала; шири инфекција во желудник и дванаесет палачно црево!

Мора да се консултира лекар – затоа што хеликобактер пилори е причинител на повеќе заболувања. Обично се препишуваат специјални антибиотици и пробиотици, а терапијата трае околу 2 недели.

За да се лечи со чаеви, најпрво мора да се одреди киселост на желудочниот сок!!

Sliika: Helicobacter Pylori. Слика: Хеликобактер пилори
ХЕЛИКОБАКТЕР ПИЛОРИ

Хеликобактер пилори и желудочен сок   

Зголемена киселост

Ленено семе: 1 супена лажица семе од лен, се прелива со 2 дл врела вода, по 2,5 до 3 часа се процедува; се зема по 1 супена лажица пред  оброк. Слузта го обложува ѕидот на желудникот – ја намалува болката. 

Сок од компир: се цеди сок од 3 компира, се пие по 1 дл сок пред секој оброк. Смирува желудник и намалува болка.

Чај:  во 0,5 л врела вода ставаме по 1 кафена лажица Руса, Камилица, Кантарион, Ајдучица;  по 1 час се процедува и се пие пред секој оброк по 50 мл.  

Слика: Ајдучка трева. Slika: Ajdučka treva
АЈДУЧКА ТРЕВА

Намалена киселост

Цедиме сок од мала зелка; се пие по 1 дл сок 1 час пред јадење. Обновува ткиво!   

И за Хипер и за Хипоацидитет: мешаме по 1 кафена лажица мед, путер, какао во прав, маслиново масло, 1 јајце и плод пасидрен; се меша и се чува во фрижидер. Се зема по 1 супена лажица пред секој оброк.        

Slika: Plod Pasidren Слика: Плод Пасидрен
ПЛОД ПАСИДРЕН

Прополис и Перга: се става по 10 капки прополис во 1 дл млака вода и се пие по 1 чаша пред секој оброк; трае додека да се испијат 100 мл Прополис.

Прополис да не се зема ако се пијат антибиотици!!

Перга се јаде свежа, се џвака по 10 мг дневно, после оброк. Додека се зема оваа терапија,  да не се конзумира зачинета, мрсна, лута, солена и пржена храна!!!      

Антибактериски капки за уринарен тракт кај Хеликобактер пилори

Смеса од:  по ½ супена лажица семе Анасон, Матичњак, Петровец, Планински и УВЕ чај, Жалфија, Босилок, Кантарион и модра смрека; смесата стои 15 мин во 8 дл врела вода, процедуваме.
Се дели на 3 дела, по 1 чаша на ден со 8-10 капки Прополис.

Смеса од: 20 гр Руса трева, по 40 гр Ајдучица и Кантарион, 30 гр Ленено семе, 20 гр Мајчина душица; 1 супена лажица смеса во 6 дл вода, се загрева до вриење, веднаш се трга и по 10 мин. се процедува.
Се пие 3 пати на ден по 2 дл чај.

Ова е добар чај и за Чир, Хеликобактер и Кандида!!!       

Слика: Петровец. Slika: Petrovec
ПЕТРОВЕЦ

Бонус чај за Кандида

Кандида е гливично заболување на полови органи;

Чај: по 30 гр лист Орев, корка Даб, тимијан, жалфија; 1 супена лажица 10 мин. во 2,5 дл врела вода, процедуваме.
3 пати по 1 чаша на ден.


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови