Хемороиди се многу честа појава во нашето опшество.
Пред да дојдете во состојба на задолжителен хируршки зафат, пробајте со коригирање на исхраната и некои хербални рецепти!
Исхрана кај хемороиди
Билните намирници содржат многу влакна, кои се од пресудна улога за превенција и природно лечење на хемороиди. Ги има во свежото овошје и зеленчук, во интегралните житарки, семки, махунарки, во леб од цело зрно…
Секако, мора да се пие и доволно вода, околу 2 литри на ден. Маслиновото масло помага во создавање на помека столица.
Треба да се избегнува:
Конзервирана храна, сувомеснати производи, бело брашно, колачи, сол, кекси, месо, газирани пијалоци, алкохол и кофеин, лути зачини.
Помагаат:
Јаболко, цвекло, брокула, намирници богати со витамин К (зелен лиснат зеленчук, мехунарки, јајца). Се препорачува и секојдневен внес на 1-2 супени лажици ладно цедено ленено масло, сок од домат и боровинки.
Треба да се зголеми внес на витамин Ц и на Флавоноиди (ги има во интегралните житарки, овошје со светла боја и зеленчук). Добри се и Хељда, Цреша, Вишна, Јагода, Малина.
Телесната тежина мора да се доведе во нормала!
Хербални рецепти за Хемороиди
Рецепт бр. 1:
Ситно сецкаме по 3 суви сливи и смокви и ги полеваме со 2 дл топла вода. Стои преку ноќ, и наутро додаваме малку топла вода и на празен стомак ја конзумираме целата содржина.
Рецепт бр. 2:
Мешаме по 25 гр: ајдучка трева, кантарион жолт, троскот, тегавец, глуварче, црн слез и петровец (камшик). Една полна супена лажица смеса прелеваме со 0,5 л зовриена вода и оставаме поклопено да се олади 20 минути.
Потоа се процедува и се пие во три дела, во еден ден, на празен стомак.
Хигиено-диететски режим
Постојат разни креми и чепчиња кои помагаат. Корисно е и капење во топла када. Мора да се одржува хигиена околу регијата.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови