Цисти на јајници се творби исполнети со течност (една или повеќе), последица се на воспаленија или хормонски промени или ако изостане пукање на фоликули при овулација. Најчести се во репродуктивниот период, потоа се ретки. 

Има 3 вида цисти на јајници  

  • Функционална (фоликуларна) циста – кога изостанува пукање на фоликулата при овулација;  може да нарасне до 7 см.  
  • Дермоидна циста (тератом) – е бенигни тумор на јајници и 
  • Ендометриотична циста – исполнета со густа темнокафеава менструална крв. Често нема симптоми, но ако е поголема може да има притисок и болка во долниот дел на стомакот и оди кон грбот; изостанок на мензис, карлична болка при однос и при голема нужда, набрекнати дојки.    

Во најголем број случаеви, цистите се безопасни! Се уочуваат и со допир при лекарски преглед и со ултразвук. 

Причинители и потекло на цистите

Се смета дека и Естрогенот допринесува за развој на цисти. Овој хормон се таложи во масно ткиво, а кај гојазни жени има вишок Естроген. Дебелеење е од преголем внес на јаглени хидрати, од мрсна храна и слаба физичка активност. 

Слика; Жена одолева на порција крофни. Slika: Žena odoleva na porcija krofni.
КРОФНИ – ВИСОКО-КАЛОРИЧНА ХРАНА

Цисти на јајници – исхрана

Јаглените хидрати потикнуваат продукција на Простагландин – хормон кој предизвикува болка од цисти на јајници. Затоа се јаде повеќе овошје и зеленчук, семиња, мешункаст зеленчук, риба, клици, јаткасти плодови.                 

Симптоми и последици

Од цистични јајници може да се појават АКНИ, мрсна кожа, зголемена влакнетост, таложење масти во стомак, опаѓање коса… Мора да се лечи и да се прати со години, за да не дојде до анемија, дијабет, кардиоваскуларни болести, рак на јајници, ендометриум…   

Терапија за цисти на јајници

Најчесто поминуваат и без терапија; со хормонски препарати се запира нивниот раст. Ако не се лечат на време, можни се компликации – пукање на циста или стеснување на породилниот канал. 
Пукање на циста предизвикува силна болка во долниот дел на стомакот, со мачнини и повраќање.
Мора да се интервенира хируршки! 

ФИТОТЕРАПИЈА:  

Чај од Невен и Коприва!
Секое утро да се испие по 1 ракиска чашка лековит напиток од Сјеруша и Комовица; тинктурата има јако антицистично и антитуморно дејство, помага и лечење на хормонални пореметувања.

Слика: Сјеруша Slika: Sjeruša
СЈЕРУША

    


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови