Црвен ориз е само еден вид. Постојат илјадници видови ориз!

Опис и својства

Повеќето стручњаци нутриционисти сметаат дека црвениот ориз е најдобар, подобар од кафеавиот вид и секако од белиот ориз.

Црвениот ориз е интегрален вид, има лушпа, клица, мекињи и ендосперм. Содржи моќни нутритивни состојки, одличен е извор на прехранбени влакна, витамини Б2 и Б6, од минералите содржи железо, магнезиум, цинк, селен, манган, фосфор, калиум и молибден.

Содржи во вода топлив природен пигмент Антоцијанин, од кој ја добива и бојата. Има дури 10 пати повеќе антиоксиданси од кафеаавиот ориз, тоа му дава моќно дејство против слободни радикали и воспаленија. Антоцијанин спречува раст на канцерогени клетки, средува дури и висок крвен притисок.

Состав на Црвен Ориз

Богат е со влакна, 100 гр содржи дури 13% од дневните потреби. Влакната даваат долго чувство на ситост. Секојдневен внес на влакна забрзува одстранување на отпадни материи од системот за варење, намалува ниво на ЛДЛ холестерол, штити од појава на хемороиди и дивертикулус.

100 гр црвен ориз содржи дури 32% од препорачан дневен внес на Магнезиум, кој опушта мускули во системот за варење и помага редовно празнење на црева. Магнезиум игра клучна улога во повеќе од 300 ензимски реакции во телото, вклучувајќи и синтеза на протеини и масни киселини, како и во разградба на храна.

Калориски вредности

Маснотиите се богати со калории и нивен зголемен внес води кон гојазност. Диета со помал внес на масти помага против повеќе тегоби – висок ЛДЛ холестерол, срцеви тегоби, дијабетес тип 2 и др.

Антоцијанин во црвениот ориз може да намали ниво на јаглени-хидрати во крв, да помогне кај инсулинска резистенција, поттикнува лачење на инсулин!

Намалува ризик од појава на дијабетес тип 2.

Нутритивни елементи на Црвен Ориз

Црвен ориз е богат со железо, 100 гр има дури 21% од дневните потреби! Недостаток од железо предизвикува анемија (симптоми се: замор, слабост, несвестица, главоболки и остеливост на студ). Железо е неопходно за производство на хемоглобин кој учествува во создавање на црвени крвни зрнца (пренесуваат кислород).

Битен е за здравје на коските, а во комбинација со соодветна доза на Цинк, Калциум и Бакар, обезбедува нормална густина на коски, особено во нозе и во крсниот дел. Манган има анти-оксидативни својства, помага против алопеција, артритис, анемија, епилептични напади и др.

Има исто количество антиоксиданси (благодарејќи на Антоцијанин) како и цитрусното овошје. Антиоксидансите можат да успорат стареење на кожа и создавање брчки. Намалува и штета од УВ зраци.

Богат е со Цинк, минерал кој го има во ткива, клетки и органи. Намалува симптоми на настинка.

Подготовка на Црвен Ориз

Ставете 330 гр црвен ориз во 1 л вода и загрејте до вриење, потоа намалете оган. Оризот треба да омекне и да ја впие сета вода! Тргнете го од оган на 5 мин. Се става како прилог на печено или сирово овошје или грав. Вишокот се чува во фрижидер, но само 3-4 дена.

Внимание:
Преголеми количества црвен ориз во исхраната можат да предизвикаат главоболки, вртоглавица, подувување, гасови и киселина.

Aко те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови