Патогена и опасна бактерија. Чаеви за ешерихија коли како природни средства од помош се сретнуваат често во народната литература.
Опис и пренос
Во организмот доспева преку заразена вода или храна. Чест извор на зараза е мелено месо, непастеризирано и несварено млеко, како и нечисто овошје и зеленчук. Бактеријата е заразна и се пренесува од човек на човек. Може да предизвика и сепса, менингитис и воспаление на бели дробови.
Симптоми кај ешерихија коли
Инфицирањето се јавува со симптоми по 2-3 дена, во вид на дијареа и грчеви, често и со мачнина и повраќање. Во уринарниот тракт предизвикува пецкање и потреба за мокрење, дури и кога има малку урина – се јавува и болка и притисок во долниот дел на стомакот.
Често има и повишена телесна температура – до 38 целзиусови степени, а ретко и до 40.
Во ширење на ешерихија коли допринесува и храна која создава киселост на организмот – колачи, грицкалици, мрсна храна, газирани напитоци, кофеински напитоци и алкохол. Исто така и храна со висок процент на витамин Ц – покачува киселост на урината.
Лимунот и портокалот со варење во стомакот постануваат алкални!
Препораки
Решението е во добра хигиена – чисти раце, храна и садови за готвење и потоа избор на добри намирници. Одлично помагаат: Цимет, Лук, Каранфилче, Оригано, мед, кокосово масло, јаболков оцет, краставици, диња…
Чаеви за ешерихија коли
Чај од пченкарна свила
Одлично средство против воспалени уринарни канали. Свежа пченкарна свила содржи етерично масло, фосфорна киселина, калиум и манган. Се пијат 2-3 чаши чај на ден; овој чај топи и камен и исфрла песок од бубрези.
Чај од Оригано
Оригано е силен природен антисептик и антибиотик. Мешаме 50 гр лист или корен од Бел Слез и по 10 гр лист од Вресок (Caluna vulgaris), лист од Ружа, цвет диво Оригано и петелки од цреша; 2 супени лажици смеса попаруваме со 0,5 л зовриена вода. Оставаме да одстои 1 саат, потоа процедуваме. Се пие во голтки, во еден ден. Терапијата трае 3 недели.
Чај од Ува
Зелените ливчиња Ува имаат антибактериско дејство. Во 0,5 л жешка вода додаваме 1 супена лажица Ува и оставаме да одстои 60 минути. Процедуваме, додаваме ¼ кафено лажиче сода бикарбона. Се пијат 2 чаши на ден, 30 минути пред јадење.
Чај од Брусница
Содржи хипурична киселина, која има силно антибактериско и антигабично дејство! Содржи и многу витамин Ц и А, како и Калиум. Се пијат по 2 чаши незасладен чај на ден.
Чај од Глуварче
Чај од лист и цвет Глуварче е добар диуретик; 2 супени лажици смеса лист и корен Глуварче стои 60 мин. во 0,5 л зовриена вода. Процедуваме и делиме на 2 чаши, по 1 чаша 30 мин. пред јадење.
Семки од Диња
Ги сушиме на сонце, ги чуваме во хартиени кеси на темно и ладно место. Ги мелеме во млин за кафе, 1 супена лажица мешаме со 200 мл млака вода и пиеме пред оброк. Се пијат 2 чаши на ден, 3 недели.
Ананас и магдонос кај ешерихија коли
Миксаме 1/2 чаша исецкан ананас, 200 мл вода, 1 супена лажица исецкан магдонос и 1 кафено лажиче мед; се пие за ужина, 7 дена.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови