Ѓумбир или на латински Zingiber officinale – има хранливи биоактивни компоненти со моќно позитивно дејство за телото и мозокот.
Состав и својства
За консумирање, односно за правење зачини се употребува т.н. ризом или долниот дел од коренот на растението. Може да се употребува свеж, сушен, во вид на прав или како сок, а наоѓа примена и во процесираната храна и во некои козметички продукти.
Примена
Гингерол
Содржи соединение наречено гингерол со моќни лековити својства и може да делува потикнувачки во борбата со вирусни и бактериски инфекции. Гингеролот е главна биоактивна компонента во ѓумбирот. Тој е одговорен за повеќето лековити својства на Ѓумбирот.
Има моќни анти-оксидативни и анти-воспалитени својства. Гингеролот може да го намали ризикот од развој на поголеми инфекции. Тој се смета одговорен и за инхибирачкото дејство на ѓумбирот врз развојот на многу бактерии од различни видови. Ѓумбирот може да делува ефективно против RSV вирусот, еден од најчестите предизвикувачи на респираторни инфекции.
Моментално е актуелен корона вирусот. За дејството на ѓумбирот врз него не постојат податоци. Вреди да се консумира ѓумбир на дневна основа.
Ѓумбир против гадење и нагон за повраќање
Традиционално се употребувал при мачнини и гадења, особено наутро, чести кај трудниците. Во модерната медицина постојат некои студии кои го потврдуваат ваквото дејство, па сè уште се препорачува за оваа цел, особено по тешки операции.
Ѓумбир против болки во мускули
Консумирање на 2 гр. Ѓумбир на ден во текот на 11 дена, значително ја намалува болката во мускулите. Ваквото дејство не се случува веднаш, туку е потребно конзистентно консумирање. Ова дејство се смета дека се случува токму поради анти-воспалителните својства на ѓумбирот.
Ѓумбир кај остеоартритис
Анти-воспалителни својства на ѓумбирот. Остеоартритисот е чест здравствен проблем, особено кај постарите. Оваа болест подразбира дегенерација на зглобовите во телото, што води до хронични болки и вкочанетост.
Во некои студии на пациенти со остеоартритис, консумирањето на екстракт од ѓумбир во одреден период се покажал како олеснувачки во однос на болките на пациентите. Тие намалиле и консумација на лекови за болки. Според друга студија, ваквото дејство може да биде засилено ако ѓумбирот се консумира во комбинација со цимет и сусамово масло.
Кај шеќер во крвта и кардио-васкуларни болести
Освен што студиите покажуваат дека кај пациентите со дијабет тип 2, кои редовно консумираат 2 гр ѓумбир дневно, имаат намалено ниво на шеќер во крвта, тие покажуваат и друго корисно дејство – намалување на ризик од кардиоваскуларни заболувања.
Против менструални болки
Ваквото дејство е препознаено и од традиционалната медицина, но една нова студија тоа и го потврдува: испитанички (150 на број) кои земале само 1 гр. ѓумбир во прав дневно, во првите три дена од менструалниот период имале значително намалени болки. Намалувањето на болките било еднакво како по пиење на некои лекови за таа намена (ибупрофен на пр.).
Ѓумбир против холестерол
Високото ниво на LDL (лош холестерол) во крвта го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања. Храната силно влијае на нивото на овој холестерол. во една студија пациенти со високо ниво на холестерол, кои почнале да јадат ѓумбир поредовно, имале намалени вредности на нивото на вкупен холестерол и триглицериди во крвта. Ова веројатно се должи на анти-оксидативното дејство на ѓумбирот.
Ѓумбир за меморија, а и кај Алцхајмерова болест
Помага за правилна функција на мозокот и превентивно кај Алцхајмерова волест. Консумирање на ѓумбир може да ја подобри меморијата кај повозрасните лица и превентивно да делува против нарушувања на функции на мозокот, кои одат заедно со процесот на стареење.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови