Билни рецепти за настинка – најчеста причина за настинка се т.н. Аденовируси и Риновируси!
Најосетливи се деца – имаат неразвиен имуносистем, пушачи, лица со астма и хроничен бронхит.
Билни рецепти за настинка
Кај грозница
Мешаме 3 супени лажици кора од Бреза, 2 супени лажици цвет Бозел; стои 10 мин. во 3 дл врела вода, процедуваме. Умешуваме сок од ½ лимон и 1 кафена лажица мед. На секои 2 саати се пијат по 2-3 голтки.
За појака настинка
Чај од цвет Бозел, Камилица и Липа, со мед и лимон или во 1 дл млака вода раствараме 1 супена лажица мед и 2 кафени лажици Цимет; Рецептот се прави 2 пати на ден со сок од лимон, 4-7 дена се доволни.
Одличен приправок за настинка: По 10 гр Бел Слез и цвет Бозел и 5 гр Липа; 2 супени лажици стојат 20 мин во 2 дл врела вода, се процедува. Се пие со 1 кафена лажица мед и 8 капки Прополис.
За затнат нос кај настинка
По 5 гр: Жалфија, Камилица, Ајдучица, Бедреника; 2 супени лажици смеса стои 10 мин во 2 дл врела вода, се процедува. Се испираат носот и устата!
За висока температура кај настинка
- Билни рецепт бр.1: Две кафени лажици Бозел во 2 дл врела вода, или по 1 кафена лажица Липа и Камилица во 2 дл врела вода, се пие по малку, со мед и лимон.
- Билни рецепт бр.2: мешаме 2 кафени лажици свеж корен од Ѓумбир и по 1 кафена лажица сув лист од Нане и Бозел; стои 10 мин во 2,5 дл врела вода, процедуваме. Се пие топло со мед и лимон и се лежи во кревет!
- Билни рецепт бр.3: Иста постапка како рецепт бр.2 – составни елементи се чај од Бозел, Шипка, Ајдучица и Камилица и по 1 кафена лажица цвет од Бозел, Камилица и Липа.
За мала температура кај настинка
Смеса од Планински чај, Тимијан, плод Анис, Липа, Тегавец, Коњско опавче: 3 супени лажици смеса стои 10 мин. во 0,7 дл варена вода. Се процедува, се става сок од 1 лимон, 1 супена лажица мед. Се дели на 3 чаја за 1 ден.
За полесно искашлување – чајот е добар и за астматичари и за опструктивни Белодробни болести.
Облоги
1 дл чист јаболков оцет и по 50 мл вински оцет и вода; ладни облоги се ставаат на табани!
Сирупи за настинка
Сирупи за искашлување:
- Во 6 дл вода ставаме 2 супени лажици Тимијан, стои 8 ч и се процедува. Се додава 5 дл вода и 2 супени лажици кафеав шеќер. Се вари на тивко да спадне на пола, ако е многу ретко – додаваме 2 супени лажици шеќер
- Мешаме 30 гр исландски лишај, и по 5 гр Оман, Црн и Бел Слез – да преноќи во 0,5 л вода! Наутро процедуваме и додаваме 500 грама мед. Се пијат 6 супени лажици на ден! Секој ден да се јаде пилешка супа со бибер и лимон;
ДА се додава лук во јадењето!
Сирупи за смирување кашлица:
- Во 2 дл вода 10 мин вариме 1 кафена лажица бибер и 2 супени лажици ситно сецкан кромид; се процедува и се пие во голтки. Да се џвака мед со саќе!
- Во 1 дл врела вода ставаме 1 кафена лажица Куркума, 1 кафена лажица мелен црн бибер, и ½ кафена лажица Цимет; се вари 3 мин., а по 10 мин. се процедува. Се додава 1 кафена лажица мед и 1 кафена лажица сок од лимон. Се пие!
- Смеса од 2 супени лажици сок од лимон, 1 супена лажица мед, 3 пати на ден
- Во 2 дл вода вариме на тивко 4-5 мин. 3 чешниња Лук и 1 кафена лажица Оригано; се лади 1 саат и се процедува. Се додава мед и лимон и се пие
- По 20 гр корен од Бел Слез, лист Подбел и Морач; 1 супена лажица смеса стои 2 саата во 2 дл врела вода и процедуваме. Секои 15 мин се пие по 1 супена лажица чај!
- Суво грло: по 1 супена лажица ситно сецкан цвет од Бел Слез, Дивизма, цвет и лист Подбел и лист Жалфија; стои 2 ч во 7 дл врела вода, се процедува. Се прави гаргара – не се пие – на секој саат по 5 мин.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови