Имунолошки систем е сложено делување на некои клетки и органи во заштита на организмот од штетни влијанија со цел спречување влошување на здравствена состојба! 

Што е тоа имунолошки систем?

Имунолошкиот систем служи за наполно да ги уништи микробите, бактериите и вирусите, кои се предизвикувачи на разни заболувања.

Неговото правилно функционирање е најважна компонента за добро здравје!

Но, често се случува од разни причини имунитетот да ослабне и нешто го спречува имунолошкиот систем да се активира кога е потребно. Тогаш организмот е подложен на настинки, многубројни тегоби, алергиски реакции, па дури и појава на автоимуни болести!

Некои особи се разболуваат почесто од вообичаено, поради намалена способност да се одбранат. Се ова може да се превенира со соодветна терапија, со правилна исхрана, а неа и со поголем внес на одредени витамини.    

Имунолошки систем – дејство на витамини врз предизвикувачи на заболувања

Штетни супстанци, односно слободни радикали, продираат во организмот и го пореметуваат неговото нормално функционирање. Предизвикуваат штета на здравите клетки, создаваат опасни ланчани реакции и создаваат физички и психички неправилности во телото. Потребен е неопходен механизам за одбрана – доволно јак имунитет за да го спречи дејството на слободните радикали,  што за жал, често не е случај, и доаѓа до висок ризик од заболувања и до развој на болести.

Внес на витамини ја намалува штетата настаната од дејството на разни микроби и помага да се обнови ослабениот имун систем. Создаваат антиоксиданси, кои се одлична заштита и одржуваат јак имунитет. Редовен внес на витамини спречува чести инфекции, а телото ќе биде помалку подложно на делување на штетни супстанци.

Храна богата со витамини, а и некои суплементи, можат да го зајакнат организмот и неговиот одбранбен систем.

Витамините мора да се внесуваат цела година во потребни количини.

Некои од нив даваат поголема заштита од другите.

Витамини и минерали во виртуелен лет.
ВИТАМИНИ И МИНЕРАЛИ ВО ТАБЛЕТИ

Имунолошки систем и Корисност на витамини      

Витамин А

Еден од поважните нутриенти; создава анти оксиданси, кои го бранат телото од инфекции. Се вика и Бета-каротен, штити вид, одржува здрава кожа, меко ткиво и слузокожа. Со варење не се уништува, останува во најголем дел во намирниците, затоа што не е растворлив. Се акумулира во телото и создава резерви.

Се внесува умерено, затоа што врзува штетни масти и подига ниво на ЛДЛ холестерол.

Дозирање:

Дневна доза е 2,1 мг.
Храна богата со витамин А: месо, јајца, млеко, сирење, морков, тиква.

Рецепт: се пие сок од Портокал, Грејпфрут и Морков!  

Витамин Б2 

Зајакнува имунитет. Во телото делува како антиоксиданс – го зајакнува имуниот систем и го штити телото од болести. Спречува оштетувања на клетки и ткива од дејството на слободните радикали. Неопходен е за правилен распоред на внесените елементи со храната – масти, шеќери, јаглени хидрати. Ослободува енергија во секоја клетка на организмот и одржува правилна работа на системот од органи.

Го има во: квасец, месо, цели зрна од житарки, печурки, зелен зеленчук (спанаќ, зелена салата, кељ, броколи..).

Рецепт за ручек: полнето мисиркино месо со печурки и спанаќ – оброк со многу витамин Б2!!   

Витамин Б6

Го штити телото од напади од вируси и бактерии. Подржува позитивни биохемиски реакции кои се создаваат во рамките на имуниот систем за заштита на организмот. Овозможува создавање на неуротрасмитери – многу важни биомолекули – пренесуваат пораки од било кој дел од телото до ЦНС (мозокот).

Витамин Б6 намалува Хомоцистен во крв – спречува развој на озбилни срцеви заболувања.

Го има во: пилетина, туна, лосос, хумус, зелен зеленчук, леблебија.

Рецепт за ручек: гриловани пилешки гради во комбинација со свежа зелена салата (многу витамин Б6)!

Витамин Ц

За јак имунитет: најпознат витамин за зајакнување на имунитет.

Одржува правилна работа на имуносистемот и враќа изгубена енергија. Недостаток на витамин Ц е ризик за настан на болести! Човековото тело не го произведува, ниту го чува во резерви и важно е да се внесува редовно, најдобро во природна форма.

Го има многу во: цитрусно овошје (портокал, грејпфрут, лимон, мандарина, лимета…), киви, јагода, пиперки, спанаќ, кељ, броколи…

Се уништува при термичка обработка.

Рецепт за доручек: овошна салата со многу цитрусно овошје!!      

Витамин Д

Гарантирано зајакнува имунитет и стимулира продукција на клетки задолжени за одбрана на организмот!

Клучен за регулација на Калциум и цврсти коски.

Недостаток предизвикува појава на Екцем и Астма, и други форми на алергии. Доволно количество спречува настанок на алергии. Во зима да се внимава, тогаш го има најмалку – поради недостатокот на сончева светлина.

Секој сончев ден треба да се искористи за прошетка!

Го има во: мрсна риба, масло од џигер бакалар, жолчка.

Рецепт за доручек: кремаста чорба од Лосос, зачинета со ароматични билки, зеленчук, со сечкан морков и компир.

Витамин Е

За имунитет: го подобрува целиот имун систем и му овозможува полесна борба со слободните радикали во спречувањето на болести! Витамин Е врзува микроби и така доаѓа до оксидација и до изумирање на предизвикувачите на разни болести.

Важен е за заштита од срцеви заболувања и од канцер!

Соодветно количество е сосем доволно за превенција на болести на јетра и бубрези. Витамин Е се покажал добро и во регулирање на шеќер и холестерол.

Го има во: орешесто овошје (Ореви, Лешници, Бадеми, Фстаци..), семки (лен, овес, рж), спанаќ.

Рецепт за ужина: измиксано орешесто овошје; 1 шака Лешник и/или Бадем овозможува доволно количество на Е витамин. 

Имунолошки систем и корисност на Елементи т.е. Минерали

Цинк

Гради стабилен и јак имунитет. Без него, организмот би бил во колапс. Недостаток го слабее имуниот систем, паѓа и нивото на хормони, се намалува мускулната маса. Помага во лечење оштетувања на кожата и инфекции на респираторниот систем предизвикани од силна кашлица и суво грло!

Многу е важен за спречување на појава на Сепса – продукт на инфекција, може да биде фатален за живот.

Го има во: Црвено месо, Школки, семе од Тиква, Сусам, Овес.

Рецепт: печеме шницли од црвено месо со минимум масти; така се зголемува нивото на Цинк во телото и намалуваме непотребен холестерол!

Железо  

Oдржува имунитет!

Игра битна улога во пренос на кислород до клетките, така овозможува и јак имунитет. Жени во бременост имаат зголемени потреби од железо, како и деца во период на раст и развој.
Недостаток на овој елемент води кон Анемија, односно до нестанување на хемоглобин или еритроцити. Споро и тешко се усвојува, при недостаток на елезо, со соодветна исхрана, обавезно се даваат и суплементи (ги препишува лекар).

Го има во: црвено месо, џигер, риба, грав, лиснат зелен зеленчук, коприва, боровинки.

Рецепт: чај од Коприва и мед.    

Селен

Има потенцијал да забрза одбрамбена реакција против некои видови злонамерни агресивни канцери. Успорува стареење и развој на кардиоваскуларни болести. Организмот не може сам да произведе Селен, затоа треба да се зголеми внес на некои намирници – неопходно количество е 55 мг на ден.

Го има во: риба и морски плодови, бразилски орев, печурки, лук.

Рецепт: хамбургер од Туна, печен во малку маслиново масло, посипан со ситно сецкан лук!   

Имунолошки систем и соодветни Витамински суплементи

Доколку се утврди дека се неопходни да се земат суплементи со витамини, да не се земаат тие најсилните, често се непотребни, знаат да бидат и опасни, претерувањето може да доведе до компликации.

Суплементите треба да се апсорбираат лесно – најдобри се во вид на напитоци, капки и сирупи. Така витамините стануваат најлесно достапни таму каде што е потребно.

Слаб имунитет не е секогаш од генетски причини; обично е од несоодветна исхрана. Имуниот систем често едноставно се подобрува – со внес на храна богата со витамини и минерали, со здрави масти, комплексни јаглени хидрати и послаби протеини. Со тоа во телото ќе се врати појака енергија и ќе има подобра заштита од болести!   

Suplementi vo kapsula; Суплементи во капсула.
СУПЛЕМЕНТИ

                                                                                 

ДА НЕ СЕ МЕШААТ СО ЛЕКОВИ:


Кантарион – НЕ со антидепресиви, ни со некои антибиотици, ни со средства за контрацепција, ни со лекови за ХИВ.  

Ехинацеа – НЕ оди со лекови за Мултиплекс склероза, Дијабет, реуматоиден артрит, блокира дејство на имуносупресивни лекови (на пр, при трансплантација на органи),    

Куркума – НЕ со лек за разретчување на крв.    

Сладич – НЕ со диуретици!   

Камилица – успорува и намалува дејство на лекови, антикоагуланти и седативи и препарати со многу железо.   

Жен-Шен – НЕ со аспирин и лекови за Дијабет, зајакнува негативни нусефекти на кортикостероиди и терапии на база на Естроген.  

Лук – НЕ со лек за низок притисок и особи на антикоагулантна терапија, ни со лекови хиполипидемици.                                                                                                                                             


Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:


2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови