Витамин Ц и неговата Липосомална форма.
Витамин Ц – општи информации
Уште од најраните школски денови сме слушале за важноста на овој витамин! Ц витамин е моќно оружје против заразни болести, инфекции и ослабен имунитет, а има и други добробити!
Примена и бенефити
Познат е по неговите антибиотски, антивирусни, антигабични и антиалергиски својства. Особено е делотворен во т.н. Липосомална форма, која овозможува висока апсорпција и со тоа поголема делотворност!
Витамин Ц – извори
Човекот НЕМА способност да го создава овој витамин во телото, затоа мора да се внесе преку храна или преку додатоци во исхраната. Растворлив е во вода и тешко минува низ клеточните мембрани кои се состојат од масни киселини. Затоа во организмот се апсорбира во мали количества, само околу 20%, а остатокот останува неискористен.
Витамин Ц – апсорпција
Апсорпција на Липосомален витамин Ц е многу висока, дури 90%!
Липосоми претставуваат носачи на активни материи произведени со нова технологија. Тоа се микроскопски честички во форма на меурчиња кои создаваат мембрана составена од молекули наречени Фосфолипиди. кои по хемиски состав се многу слични на мембраните на клетките во нашето тело!
Липосомален витамин Ц е направен на иста база каква има клеткината обвивка и низ нив поминува многу полесно од било која друга форма на овој витамин.
Негова функција во нашето тело
Само 1 лажица на ден ќе одигра многу позитивна улога за нашиот имунитет и белите крвни зрнца ќе преживеат и издржат напад од патогени и слободни радикали.
Овој витамин учествува во производство на Колаген и со тоа има пресудна улога за заштита на сврзни ткива – лигаменти, коски, тетиви, кожа…
Овој витамин е природен Анти-хистаминик и намалува алергиски реакции во телото. Високо ниво на витаминот забрзува процес на зараснување на изгореници, рани, шинатост и скршеници на коски.
Добробити на Липосомална форма на Витамин Ц
Одлично се апсорбира во организмот, го штити од грип и настинки, зајакнува имунитет, ублажува симптоми на алергии и астма, чисти организам, успорува стареење и пропаѓање на клетки, штити здравје на срце и крвни садови, подобрува работа на мозок, подмладува кожа и др.
Само 1 лажица на ден и ќе го зајакне организмот и ќе го подготви за сезона на настинки и на грип.
Ако те интересираат хербални (билни) рецепти, можеш да ги најдеш под категорија:
2022 Сите права се задржани. Политика за приватност – Услови